Кон главната содржина

Blog

Одржана работна средба на Steering Group во рамките на проектот CORDIAL 02 Јул

Одржана работна средба на Steering Group во рамките на проектот CORDIAL

Од 29 јуни до 1 јули 2026 година, во Охрид, се одржа Работна средба на Steering Group во рамки на проектот CORDIAL (Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation) – Создавање Можности Регионално за Акции и Законодавство за Инклузија на Лица со Попреченост, чии домаќини беа Македонски Каритас и Центарот за младински активизам КРИК.

Во работна и продуктивна атмосфера, регионалните партнерите ги сумираа постигнатите резултати, ги споделија научените лекции и ги дефинираа следните чекори за успешна реализација на проектните активности.

На состанокот се разговараше за резултатите од процесот на градење капацитети, финансискиот напредок на проектот како и за организацијата на идните проектни активности. Исто така состанокот беше можност за понатамошно планирање во однос на одржливоста и идната соработка по завршувањето на проектот CORDIAL, преку развој на нови иницијативи, партнерства и можности за финансирање.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *