Blog

ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за женско лидерство и зелени иницијативи преку обуки и микро-грантови 27 Авг

ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за женско лидерство и зелени иницијативи преку обуки и микро-грантови

Македонски Каритас објавува јавен повик за пријавување на жени – индивидуални учеснички и претставнички на граѓански организации – за учество во програма од четири еднодневни обуки, кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода, санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој го спроведува Македонски Каритас во Југоисточниот регион на Македонија, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија и Каритас Словенија.

Право на учество имаат жени од седумте општини: Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица, вклучително и претставнички на граѓански организации од овие општини.

Целта на програмата е да ги зајакне капацитетите на жените во областа на животната средина, климатските промени и локалното женско лидерство, како и да придонесе кон одржливо управување со природните ресурси и поттикнување на активната улога на жените во развојот и спроведувањето на зелени иницијативи во нивните заедници.

Обуките ќе опфатат теми поврзани со:

  • одржливо управување со водните ресурси;
  • управување со отпадните води;
  • чистење и заштита на реките и каналите;
  • адаптација кон климатските промени;
  • планирање и управување со проекти во заедницата;
  • улогата на жените во локалното лидерство, учеството во донесувањето одлуки и застапувањето за прашања поврзани со животната средина.

По успешно завршување на обуките, учесничките ќе имаат можност да аплицираат за микро-грантови за реализација на зелени иницијативи во нивните заедници. Покрај финансиската поддршка, избраните иницијативи ќе добијат и менторска поддршка во процесот на нивната реализација.

Трошоците за учество во програмата се покриени во рамки на проектот.

Начин на пријавување:

– Пополнете го онлајн формуларот за пријавување.

– Линк до формуларот: https://forms.gle/sUQD5dES21CTcUpA6

Рокот за пријавување е до 9 септември 2026 година.

Датумите и локациите на обуките ќе бидат дополнително соопштени до избраните учеснички.

За дополнителни информации, слободно контактирајте не: 072 221 763 | 072 221 733, или на мејлот [email protected]

#SlovenianAid

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.