Кон главната содржина

Blog

Шпанскиот амбасадор во посета на Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија 19 Ное

Шпанскиот амбасадор во посета на Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија

На 18 ноември 2026 година, Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија беше домаќин на Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија.

Амбасадорот беше пречекан од директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран И. Стојанов. Во придружба на амбасадорот беше и Емилија Миладинова Аврамчева од „Welcome Macedonia“ Центарот.

За време на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со работата, активностите и капацитетите на Центарот „Мајка Тереза“, како и со неговиот помошен објект. Директорот Стојанов ги запозна со досегашната работа, хуманитарните активности и поддршката што Македонски Каритас ја обезбедува за лицата и семејствата на кои им е потребна помош.

Во рамките на посетата, гостите ги посетија и сестрите Евхаристинки во Гевгелија, каде што имаа можност да се запознаат со нивната духовна и општествена мисија и нивното присуство и дејствување во локалната заедница.

Посетата овозможи непосредно запознавање со хуманитарната и социјалната дејност на Македонски Каритас, како и размена на информации и искуства во насока на поттикнување идни форми на соработка.

Македонски Каритас останува посветен на својата мисија за помош, поддршка и грижа за најранливите граѓани.