Кон главната содржина

Blog

Одржана работилница за родители 16 Ное

Одржана работилница за родители

На 13 ноември 2026 година, во Едукативен центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово), се одржа едукативна работилница на тема „Дигитално банкарство“, наменета за родителите чии деца го посетуваат центарот.  Истата ја водеше професорот г-дин Никола Делевски.

На средбата беа разменети корисни искуства и совети за новите дигитални форми на управување со семејниот буџет, користење на дигиталното банкарство како и успешно управување со трансакциски сметки.

Тимот на Каритас од Едукативниот центар – Сарај им благодари на сите родители за нивното активно учество, мотивираност и желба за постојано усовршување. Едукативниот центар продолжува со активности кои го подобруваат и олеснуваат секојдневието на семејствата чии деца го посетуваат центарот.