ОДГОВОРНО РОДИТЕЛСТВО
Македонски Каритас во соработка со Хрватски Каритас започнува проект за Одговорно родителство.
Проектот ќе биде базиран на:
A. Основни димензии на одговорно родителство
Б. Хумано разбирање (вреднување на човековите ресурси)
В. Психолошки аспект
Г. Општествена одговорност
Целта или индикаторот на проектот: „Одговорно родителство, Каритас – во служба на добро родителство“, е да се постигнат што е можно повеќе обучени родители со:
– подобрено знаење
– примена на нови практики,
– што е можно повеќе деца директно и индиректно поддржани во правилен раст и развој.
Што би придонело за одржливост на стекнатите принципи во иднина преку партнерства со локалните институции и континуирана поддршка од заедницата.

