Кон главната содржина

Blog

Средба со претставници на Парохискиот Каритас – Богданци 04 Ное

Средба со претставници на Парохискиот Каритас – Богданци

Денес, 4 ноември 2026 година, во посета на Македонски Каритас беа о. Тома Ангелов и г-ѓа Марија, претставници на Парохискиот Каритас – Богданци, кои остварија средба со директорот, о. д-р Зоран И. Стојанов.

Со својата несебична посветеност и хуманост, Парохискиот Каритас – Богданци континуирано подава рака на помош на сиромашните и социјално загрозените сограѓани.

Нивната грижа и солидарност допираат и до корисниците на Специјалниот завод во Демир Капија, на кои редовно им посветуваат внимание, поддршка и човечка топлина.

Голема благодарност до Парохиски Каритас – Богданци за нивната благородна мисија, пожртвуваност и истрајност во помагањето на оние на кои помошта им е најпотребна.