Кон главната содржина

Blog

ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 05 Ное

ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

МАКЕДОНСКИ КАРИТАС објавува

ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Референтен број: 01/26

Македонски Каритас објавува Тендерска постапка за доставување понуди за набавка и транспорт на материјали за изградба на фекална канализациона мрежа во с. Радово, Општина Босилово; во рамките на проектот: „Вклучување на жените во зајакнување на услугите за вода и санитација и отпорност на климатски промени во Македонија“, кој е финансиран од Министерството за Надворешни и Европски работи на Република Словенија и Словенска Каритас.

Предмет на набавката

Предмет на набавката е набавка и транспорт на следните материјали:

  • Двослојни PP-HM канализациски цевки со надворешен профилиран и внатрешен мазен ѕид;
  • PE 100-RC цевки;
  • Полипропиленски ревизиони и каскадно-ревизиони шахти со соодветни придружни елементи.

Сите материјали треба да ги исполнуваат техничките карактеристики и стандарди наведени во Техничката спецификација, која е составен дел на Тендерската документација.

Постапката опфаќа исклучиво набавка и транспорт на материјалите до локација посочена од Македонски Каритас.

Преземање на тендерската документација

Заинтересираните економски оператори можат да ја преземат целосната тендерска документација, техничката спецификација и обрасците за подготовка на понудата преку веб-страницата www.caritas.mk или да ги побараат преку електронската адреса [email protected].

Начин и рок за доставување понуди

Понудите може да се достават на еден од следните начини:

  • Физички: во затворен плик на адреса Македонски Каритас, ул. „Петар Попарсов“ бр. 43, 1000 Скопје;
  • Електронски: на електронската адреса [email protected].

Краен рок за доставување понуди: 21.11.2026 година, до 18:00 часот.

Понудите доставени по истекот на утврдениот рок нема да бидат земени во предвид.

За дополнителни информации, заинтересираните понудувачи можат да се обратат на преку електронска пошта [email protected].

 

Документите за Тендерската постапка се достапни на слените линкови: