Blog

Македонски Каритас го претстави проектот за чиста вода и климатска отпорност во Валандово 12 Мар

Македонски Каритас го претстави проектот за чиста вода и климатска отпорност во Валандово

Македонски Каритас го претстави проектот за чиста вода и климатска отпорност во Валандово

Во Општина Валандово, на 11 март 2026 година претставници на Македонски Каритас се сретнаа со градоначалникот на општината Ѓоко Камчев и неговите соработници. На средбата присутните беа информирани за проектот на Македонски Каритас „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој се реализира со поддршка од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас.

За време на состанокот беше нагласена важноста од јакнење на локалните капацитети за справување со климатските предизвици, како и развивање на меѓуопштинска соработка во области од заеднички интерес. Посебен акцент беше ставен на обуките, како и активното вклучување на жените и поддршката на локални зелени иницијативи насочени кон зголемување на отпорноста на заедницата.

Средбата заврши со заедничка констатација дека постојат услови и подготвеност за понатамошна соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.