Од 16 – 18 март 2026, во рамките на проектот CORDIAL – Создавање Можности Регионално за Акции и Законодавство за Инклузија на Лица со Попреченост, се реализираше тридневна посета од страна на претставник од Caritas Italiana, Експерт за следење на под-грантираните организации, г-ѓа Анџела Зенели. Проектот CORDIAL е финансиран од Европската Унија, а координиран од Caritas Srbije, во партнерство со: Caritas Bosne i Hercegovine, Caritas Kosova, Македонски Каритас, Caritas Crne Gore, Unija organizacija osoba s invaliditetom u BiH, CYA Krik, Forum mladih sa invaliditetom – Youth with Disabilities Forum и Caritas Italiana.
Посетата имаше за цел зајакнување на соработката, следење на напредокот и поддршка на локалните иницијативи за инклузија на лицата со попреченост, посета на суб-грантистите во Македонија во рамките на проекот CORDIAL, подетално запознавање со нивната работа, тековните активности и влијанието во заедницата.
Посетени беа четирите суб-грантирани организации:
🔹 Здружение за асистивна технологија „Отвори ги прозорците“
🔹 Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар „Во мојот свет – Скопје“
🔹 Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Неготино, просотии во Волково, Скопје
🔹 Здружение за права на деца и млади со посебни потреби „Ластовица“
Во текот на посетата се одржаа работни средби со тимовите на организациите, беа презентирани нивните активности и резултати, а посебен акцент беше ставен на размена на искуства, меѓусебно учење и дискусија за предизвиците и можностите за унапредување на услугите за лицата со попреченост.
Исто така, во рамките на посетата г-ѓа Зенели, одржа работни состаноци со директорот на Македонски Катитас о. Зоран И. Стојанов, како и директорката на партнерската организација – Центар за младински активизам КРИК, г-ѓа Мила Карадафова.
Дополнително беше направена посетта во Центар „Мајка Тереза“ – Каритас Македонија, Гевгелија, како и Едукативните центри на Македонски Каритас во Шуто Оризари и с. Сарај.
Оваа посета претставува значаен чекор кон градење посилни партнерства, размена на знаења и креирање одржливи решенија за поинклузивно општество.

