Проектот Советувалиште за повратници на Македонски Каритас се спроведува во соработка со Каритас Србија и е насочени кон поддршка на повратници и нивна одржлива реинтеграција, со посебен фокус на олеснување на пристапот до социјални и здравствени услуги преку советување и помош при обезбедување лична документација.
Проектот е дел од поширока иницијатива за одржлива реинтеграција која опфаќа економска, психосоцијална и институционална поддршка за ранливи категории и повратници.
Активностите се реализираат во рамки на меѓународни програми за реинтеграција претставени на платформата reintegration.net.
Проектот е поддржан од меѓународни партнери Micado Migration и Министерството за деца, млади, семејство, еднаквост, бегалци и интеграција на покраината Северна Рајна-Вестфалија, кое обезбедува поддршка за спроведување на мерки за одржлива социјална и економска интеграција на повратниците.

