Blog

Македонски Каритас и Општина Струмица потпишаа Mеморандум за соработка, во рамките на проект за чиста вода, санитација и климатска отпорност 26 Мар

Македонски Каритас и Општина Струмица потпишаа Mеморандум за соработка, во рамките на проект за чиста вода, санитација и климатска отпорност

Македонски Каритас и Општина Струмица потпишаа Mеморандум за соработка, во рамките на проект за чиста вода, санитација и климатска отпорност
Во среда, 25 март 2026 година, во просториите на Општина Струмица беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонски Каритас и Општина Струмица, во пресрет на официјалниот почеток на проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.
Меморандумот го потпишаа директорот на Македонски Каритас, протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков.
Еден ден претходно, на 24 март 2026 година, на прес-конференција, Македонски Каритас потпиша меморандуми за соработка и со општините Богданци, Босилово, Дојран и Ново Село, со што се обезбедува поширока регионална вклученост во спроведувањето на проектните активности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.