Blog

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска одржа работилница за родители во Сарај – општина Босилово 01 Апр

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска одржа работилница за родители во Сарај – општина Босилово

На 31 март 2026 година, во просториите на Едукативниот Центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово), се одржа работилница за родителите чии деца го посетуваат Едукативниот Центар во Сарај од областа на здравството.

Работилницата беше на тема „Заштита на забите“, а истата ја водеше проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, поранешна Прва дама, односно сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски. Професорката Ѓоргиевска, како врвен стручњак од областа на детската стоматологија, интерактивно на родителите и нивните деца им даде стручни совети за тоа како да ги заштитуваат и подобро да се грижат за здравјето на нивните заби. Самата работилница предизвика голем интерес од страна на родителите.

На крајот во името на Македонски Каритас, директорот отец Зоран И. Стојанов ѝ се заблагодари на професорката Ѓоргиевска за нејзината желба да го одржи ова предавање на родителите и децата во с. Сарај. Од страна на професорката Ѓоргиевска беше истакната желбата да се продлабочи соработката од областа на здравството во идниот период.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.