Денес, 4 ноември 2026 година, во посета на Македонски Каритас беа о. Тома Ангелов и г-ѓа Марија, претставници на Парохискиот Каритас – Богданци, кои остварија средба со директорот, о. д-р Зоран И. Стојанов.
Со својата несебична посветеност и хуманост, Парохискиот Каритас – Богданци континуирано подава рака на помош на сиромашните и социјално загрозените сограѓани.
Нивната грижа и солидарност допираат и до корисниците на Специјалниот завод во Демир Капија, на кои редовно им посветуваат внимание, поддршка и човечка топлина.
Голема благодарност до Парохиски Каритас – Богданци за нивната благородна мисија, пожртвуваност и истрајност во помагањето на оние на кои помошта им е најпотребна.
