На 29 април 2026 година, претставници на Македонски Каритас имаа средба со колеги од Каритас Србија и Каритас Ваљево.
Во пријателска и конструктивна атмосфера, беше презентирана работата на Македонски Каритас, при што се отвори простор за меѓусебно споделување на искуства, добри практики и предизвици со кои се соочуваме во нашето делување.
Средбата беше одлична можност за размена на идеи, зајакнување на соработката и продлабочување на партнерствата, со заедничка цел – подобра поддршка на најранливите категории на граѓани.
Веруваме дека ваквите средби придонесуваат кон уште поефикасни и одржливи активности во иднина.
