Од 20 до 23 април 2026 година, претставник на Македонски Каритас учествуваше на Студиска посета, посветена на правото на работа и вработување на лицата со попреченост, со посебен фокус на лицата со ментални попречености во рамките на прeктот Cordial.
Средбите со институции, компании и граѓански организации овозможија запознавање со:
Инклузивни политики и практики за вработување
Професионална рехабилитација и услуги за поддршка
Социјални претпријатија и заеднички иницијативи
Реални примери за вклучување на пазарот на труд
Студиската посетата беше можност за стекнување на нови знаења, практични искуства и инспиративни примери за тоа како меѓусекторската соработка може да го подобри пристапот до вработување и да ја зајакне социјалната инклузија на лицата со попреченост.





