На 7 септември 2026 година, Македонски Каритас беше домаќин на Vital Snauwaert, социјален работник од Caritas Flanders – Белгија, кој работи во областа на инклузија на Ромите.
Во текот на посетата беа презентирани дел од активностите на Македонски Каритас, со посебен фокус на образовната поддршка и инклузијата на ромските деца, како и работата со ромски повратници од земјите на ЕУ и услугите за советување и поддршка. Посетата вклучуваше и посета на Едукативниот центар во Сарај, теренска посета на ромски семејства – повратници од ЕУ, како и посета на Центарот на Македонски Каритас во Шуто Оризари.
Исто така, реализирана беше средба со директорот на Македонски Каритас, о. Зоран И. Стојанов, националниот коодинатор Спасе Спасов, како и тимот на Македонски Каритас.
Ваквите средби се значајни можности за размена на искуства, знаења и добри практики, но и за подобро разбирање на пристапите и предизвиците во работата со ромските заедници. Посетата истовремено отвори простор за понатамошно поврзување, градење партнерства и мрежи на соработка, како и за развивање на можни заеднички иницијативи и проекти во иднина.
Благодарност до Caritas Flanders за интересот да го посети Македонски Каритас, отвореноста за размена и можноста за понатамошно зајакнување на соработката.



