На 9-ти септември 2026 година, дел од возрасните корисници од Центар Мајка Тереза Гевгелија, придружувани од персоналот, беа дел од инклузивната трка која беше дел од No Finish Line Skopje – хуманитарниот фестивал, во кој секој поминат километар придонесува за поддршка на Детската болница „Козле“. На патеката беа заедно со бројни учесници од здруженија, посебни училишта со ресурсни центри, лица со попреченост и нивните семејства. Македонски Каритас изразува голема благодарност до Фондација Ице Бегов за организацијата и поддршката да бидеме дел од овој хуманитарен инклузивен настан.



