Кон главната содржина

Blog

Повеќе од 20 жени на инфо-сесија за женско лидерство и зелени иницијативи во Струмица 23 Сеп

Повеќе од 20 жени на инфо-сесија за женско лидерство и зелени иницијативи во Струмица

Повеќе од 20 жени од Југоисточниот регион учествуваа на инфо-сесијата „Поддршка за женско лидерство и зелени иницијативи преку обуки и микро-грантови“, која на 22 септември се одржа во Домот на АРМ во Струмица, во организација на Македонски Каритас.

На средбата беа претставени програмата за обуки, можностите за развој на локални зелени иницијативи и поддршката што ќе им биде достапна на учесничките во следните фази.

Координаторот на проектот Томислав Микулец ги запозна присутните со агендата и тимот вклучен во активностите. Александар Младеновски, координатор за општинска поддршка, говореше за целите на проектот и соработката со општините, додека Верица Ангеловска, координатор за зелени иницијативи за жени, се осврна на значењето на женското лидерство и можностите за поголемо учество на жените во локалните процеси поврзани со животната средина.

Обучувачот Митко Николов ја претстави содржината и целите на претстојните обуки. На крајот од инфо-сесијата учесничките пополнија прашалник, а беа договорени и следните активности.

Програмата предвидува четири еднодневни обуки за жени од општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица. По нивното завршување, учесничките ќе имаат можност да подготват сопствени зелени иницијативи и да аплицираат за микро-грантови. Избраните идеи ќе добијат финансиска и менторска поддршка за нивна реализација.

Програмата е дел од проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој го спроведува Македонски Каритас со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија и Каритас Словенија. Проектот се реализира во соработка со седум општини од Југоисточниот регион: Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица.

#SlovenianAid

     

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *