Кон главната содржина

Blog

Македонски Каритас домаќин на партнерите од Германија и Србија: Заедничка поддршка за реинтеграција на повратниците 08 Окт

Македонски Каритас домаќин на партнерите од Германија и Србија: Заедничка поддршка за реинтеграција на повратниците

На 7 октoмври 2026 година Македонски Каритас беше домаќин на нашите партнерите и соработници од Германија – Министерството за деца, млади, семејство, еднаквост, бегалци и интеграција на Сојузната Покраина Северна Рајна-Вестфалија, организацијата MICADO Migration, како и претставник од Каритас Србија.
Посетата започна со средба со директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов и тимот од проектот Советувалиштето за повратници, каде беа споделени искуства од работата со повратници и нивните семејства, како и предизвиците со кои тие се соочуваат при реинтеграцијата.
Потоа следуваше средба со г- дин Шабан Салиу, Национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 во Владата на Република Македонија, со фокус на состојбата на Ромите, спроведувањето на Стратегијата и предизвиците во процесот на инклузија.
Посетата продолжи во Едукативниот центар на Македонски Каритас во Шуто Оризари, каде гостите се сретнаа со повеќе корисници поддржани преку проектот и имаа можност непосредно да го видат влијанието на поддршката врз децата и семејствата. Понатаму во Шуто Оризари имавме средба и размена на искуства со нашите колеги од Центар за социјални иницијативи “Надеж”, кои ги споделија нивните искуства во работата во областа на реинтеграција.
Особено значаен дел од посетата беа теренските посети на три семејства во различни ромски населби во Скопје. Партнерите од Германија имаа можност директно да ги слушнат корисниците, да се запознаат со нивните секојдневни услови и предизвици и да видат каква поддршка им е потребна.
Директното сведоштво на корисниците има особена вредност, бидејќи овозможува реалните потреби да бидат слушнати и земени предвид при планирањето на идните интервенции.
Посетата уште еднаш ја потврди важноста на континуираната и долгорочна поддршка, како и на партнерството меѓу институциите, донаторите и организациите на терен – за поддршката да одговара на реалните потреби на луѓето, со посебен фокус на Ромите повратници од европаките земји, кои се во процес на реинтеграција.
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *