На 18 ноември 2026 година, Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија беше домаќин на Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија.
Амбасадорот беше пречекан од директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран И. Стојанов. Во придружба на амбасадорот беше и Емилија Миладинова Аврамчева од „Welcome Macedonia“ Центарот.
За време на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со работата, активностите и капацитетите на Центарот „Мајка Тереза“, како и со неговиот помошен објект. Директорот Стојанов ги запозна со досегашната работа, хуманитарните активности и поддршката што Македонски Каритас ја обезбедува за лицата и семејствата на кои им е потребна помош.
Во рамките на посетата, гостите ги посетија и сестрите Евхаристинки во Гевгелија, каде што имаа можност да се запознаат со нивната духовна и општествена мисија и нивното присуство и дејствување во локалната заедница.
Посетата овозможи непосредно запознавање со хуманитарната и социјалната дејност на Македонски Каритас, како и размена на информации и искуства во насока на поттикнување идни форми на соработка.
Македонски Каритас останува посветен на својата мисија за помош, поддршка и грижа за најранливите граѓани.

