Blog

Во Валандово се одржа четвртиот модул од обуките наменети за општинскиот персонал 16 Сеп

Во Валандово се одржа четвртиот модул од обуките наменети за општинскиот персонал

Во просториите на ЈОУ Дом на култура „25 Мај“ – Валандово, на 15 септември 2026 година, во организација на Македонски Каритас се одржа четвртиот модул од обуките наменети за општинскиот персонал, на тема „Намалување на ризиците од катастрофи – од ризик до координирана реакција“.

Обуката ја одржаа претставници од „Зелена органска Република“ од Скопје, а учествуваа претставници од општините од Југоисточниот регион.

Учесниците разговараа за препознавање на ризиците, превентивно дејствување и подобрување на координацијата меѓу општините, институциите и локалната заедница во случај на катастрофи. Беше спроведена и симулациска вежба со реални улоги на клучните лица што донесуваат одлуки во кризни ситуации.

Проектот го реализира Македонски Каритас, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Словенија и Каритас Словенија.

#SlovenianAid

  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.