Во главниот град на Хрватска, Загреб, од 4 до 7 мај 2026 година се одржа годишната регионална конференција на Каритас Европа во организација на Хрватски Каритас и Каритас Европа. На конференцијата присуствуваа 120 официјални учесници. Годишната Кофернцијата е собир на претседатели и директори од 49 национални Каритас организации членки на Каритас Европа и други вработени во Каритас и функционери од канцеларијата на Каритас Европа.
Во рамки на програмата, учесниците посетија повеќе проекти на епархиски Каритаси во Хрватска, наменети за лица со попреченост, стари и немоќни лица, како и центри за млади и проекти за обнова по земјотресот во Бановина.
На официјалното отворање, претседателот на Каритас Европа, монс. Михаел Ландау, истакна дека Европа и понатаму се соочува со сериозни хуманитарни предизвици, нагласувајќи ја солидарноста со Украина. Претседателот на Хрватскиот Каритас, Н.В.П. Боже Радош, порача дека Каритас останува обединет во својата мисија за помош на сиромашните, ранливите и осамените.
Конференцијата вклучи и Форум на директори на тема „Социјална иновација“, посветен на новите начини на делување и адаптација на Каритас во современите општествени предизвици.
Учесниците присуствуваа и на свечена евхаристиска прослава во црквата „Св. Марко Евангелист“, предводена од помошниот епископ на Загреб, монс. Марко Ковач, во сослужение со повеќе бискупи и свештеници од мрежата на Каритас Европа и во катедралата во Вараждин каде светата Евхаристија је предводеше епископот Радош.
Македонски Каритас на годишната регионална конференција на Каритас Европа во Загреб го представуваше директорот, отец Зоран И. Стојанов.

