Македонски Каритас во рамки на проектот „Советувалиште за повратници“, продолжува со поддршка на социјално загрозени семејства преку обезбедување на основни услови за достоен живот.
Овојпат, мебел беше дониран на семејство на кои им е потребна поддршка, благодарение на две општествено одговорни и свесни семејства кои одлучија да споделат и да помогнат.
За едно семејство, парче мебел можеби изгледа како мала работа. Но, за семејство кое се соочува со тешкотии, тоа значи подобри услови за живот, сигурност и чувство дека не се сами.
Благодарност до сите наши поддржувачи и соработници кои препознаваат дека солидарноста е важна.


