На 24 септември 2026 година, во просториите на Македонски Каритас, директорот отец Зоран И. Стојанов оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во земјава, Н.Е. Грегор Прескер, придружуван од г. Горан Криж.
На средбата директорот ги запозна гостите со мисијата и работата на Македонски Каритас, како и со проектите и активностите преку кои се обезбедува помош и поддршка за ранливите категории граѓани и локалните заедници.
Меѓу претставените проекти беше и „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој го спроведува Македонски Каритас со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија и Каритас Словенија.
Проектот е насочен кон подобрување на условите за живот во локалните заедници, со активно вклучување на жените во решавањето на предизвиците поврзани со водата, санитацијата и климатските промени, во југоисточниот дел на Македонија.
Двете страни изразија задоволство за остварената средба и досегашната соработка, со надеж дека ќе продолжи и во иднина.
