Кон главната содржина

Blog

Македонски Каритас на регионален настан за инклузија на младите лица со попреченост во Призрен 25 Сеп

Македонски Каритас на регионален настан за инклузија на младите лица со попреченост во Призрен

На 23 и 24 септември, во Призрен, Косово се одржа настан за регионално вмрежување за инклузија на младите лица со попреченост во рамки на проектот CORDIAL – „Создавање регионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост“.
Овој регионален настан за вмрежување беше посветен на унапредувањето на инклузијата на младите лица со попреченост.
На настанот учествуваа претставници на организации и иницијативи од Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со цел размена на искуства, практики и идеи за создавање поинклузивни можности за младите лица со попреченост.
Во рамки на двете панел-дискусии беа обработени значајни теми поврзани со:
🔹 инклузивното образование и обезбедувањето еднакви можности за младите лица со попреченост;
🔹 вработувањето и инклузијата на пазарот на трудот;
🔹 предизвиците со кои се соочуваат младите лица со попреченост и можностите за нивно поголемо учество во општеството.
Посебен дел од настанот беше посветен на интерактивната сесија „Отворен простор“, преку која учесниците имаа можност за директна размена на мислења и заедничко дефинирање на препораки и можни решенија.
Настанот заврши со официјално потпишување на Меморандум за разбирање од страна на Youth CORD, со што дополнително се потврди важноста на регионалната соработка и заедничкото дејствување во насока на создавање поинклузивно општество.
Македонски Каритас активно учествуваше во регионалниот настан, придонесувајќи со своето искуство и перспектива од Македонија и поврзувајќи се со организации и партнери од регионот.
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *