МАКЕДОНСКИ КАРИТАС објавува
ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Референтен број: 01/26
Македонски Каритас објавува Тендерска постапка за доставување понуди за набавка и транспорт на материјали за изградба на фекална канализациона мрежа во с. Радово, Општина Босилово; во рамките на проектот: „Вклучување на жените во зајакнување на услугите за вода и санитација и отпорност на климатски промени во Македонија“, кој е финансиран од Министерството за Надворешни и Европски работи на Република Словенија и Словенска Каритас.
Предмет на набавката
Предмет на набавката е набавка и транспорт на следните материјали:
- Двослојни PP-HM канализациски цевки со надворешен профилиран и внатрешен мазен ѕид;
- PE 100-RC цевки;
- Полипропиленски ревизиони и каскадно-ревизиони шахти со соодветни придружни елементи.
Сите материјали треба да ги исполнуваат техничките карактеристики и стандарди наведени во Техничката спецификација, која е составен дел на Тендерската документација.
Постапката опфаќа исклучиво набавка и транспорт на материјалите до локација посочена од Македонски Каритас.
Преземање на тендерската документација
Заинтересираните економски оператори можат да ја преземат целосната тендерска документација, техничката спецификација и обрасците за подготовка на понудата преку веб-страницата www.caritas.mk или да ги побараат преку електронската адреса [email protected].
Начин и рок за доставување понуди
Понудите може да се достават на еден од следните начини:
- Физички: во затворен плик на адреса Македонски Каритас, ул. „Петар Попарсов“ бр. 43, 1000 Скопје;
- Електронски: на електронската адреса [email protected].
Краен рок за доставување понуди: 21.11.2026 година, до 18:00 часот.
Понудите доставени по истекот на утврдениот рок нема да бидат земени во предвид.
За дополнителни информации, заинтересираните понудувачи можат да се обратат на преку електронска пошта [email protected].
Документите за Тендерската постапка се достапни на слените линкови:
